руча св. и несв.
ручање ср.

руча (св. и несв.)

Влегле сватовите дома да ручаат, а Силјаница си го зела детето за рака и се качила на амбар да плаче и да жали дека не ѝ бил тука Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Токо ич не ми е гајле. Кој мал се жени и рано руча — не е лаган.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш ручаа кај еден, вечераа кај друг, а често замркнуваа по реката и ливадите да ја преспијат вечерта во некоја оставена слама на некои гумна или во капиците сено, за да се разбудат утре и ја продолжат својата вообичаена „работа“ — играта по врбите или вириштата, капењето и риби ловење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш дедо Геро му смислил: „Добро, штом сакаш смешка, смешка ќе ти кажам, туку дај да седнеме да ручаме, па нека ти биде“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Митре седнал да руќа и го поканил и деда Гера.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пред да почнат да ручаат, Митре му се стегнал на деда Гера смешка да му каже.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Молчеливо седат крај трпезата. Ручаат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Остани да ручаме, да видиш каков комат направи Садие, го задржува жената поштарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- О, тоа ли била молбата! - се зачуди мајка ѝ, а потоа се замисли. - Седни да ручаш, - рече, - па потоа ќе видиме.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таму Гоце беше затворен меѓу четири ѕидови: по команда стануваше, ручаше, вечераше, по команда дури мораше да учи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ги растоварија дрвата и Тале рече: „Дури да го закрпам самарчето, ќе ручаш и ќе си починиш.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче седна. Бабата му даде да руча зелниче, а чичко Тале зеде игла и конец и излезе надвор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Се изморило, бабиното јуначе! Баба ќе ми ти даде да ручаш.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ајде, одиме да ручаме, - велам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ќе застанеме, ќе се измиеме, ќе ручаме и ќе пиеме вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој ден чичкото и Билјана ручаа заедно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Војската седна да руча. Готвачот им донесе и на нив. Прво на нив, а потоа на стражарите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кај првата чешма застанаа, ги отворија торбите да ручаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Последно што ги прашаа беше дали сакаат тука да ручаат или да им дадат сува храна и да тргнат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Та тие не знаат за поарно" — си заклучи Толе и ги покани да ручаат од ладната леќа и 'ржаните коромани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе